Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски Телеком ги израдува студентите: Компјутери и опрема доби студентскиот дом „Гоце Делчев“

Македонски Телеком ги израдува студентите: Компјутери и опрема доби студентскиот дом „Гоце Делчев“

Со компјутерска донација во износ од 900 илјади денари денеска „Македонски Телеком“ ги израдува студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Читалната во реновираниот блок „Б“ е збогатена со опрема од 20 нови десктоп компјутери, два ТВ уреди и два печатачи а студентите добија и бежичен интернет како и пакет услуги на Македонски Телеком: Telekom HotSpot, MaxTV пакети и два телевизиски пакети MaxSport+.

Донацијата пред медиумите ја претстави иректорот на стратегија и корпоративни комуиникации во Македонски Телеком Климентина Тунтева Кржаловска а пред јавноста се обрати и заменикот министер за образование и наука Спиро Ристовски.

klimentina tunteva krzalovski

„Основен мотив за  за донацијата е поддршката на младите, образованието и унапредувањето на информатичкото општество, како и дека со опремувањето на читалната студентите добиваат современо катче за учење, информирање и дружење“, изјави Климентина Тунтева Кржаловска, директор на Стратегија и корпоративни комуникации во Македонски Телеком.

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, изрази голема благодарност до Македонски Телеком за целосната поддршка од нивна страна за обезбедување на потребната компјутерска и дигитална опрема, за современата читална за студентите во неодамна реновираниот блок Б.

„Оваа донација е еден исклучителен гест за почит и потврда за корпоративна општествена одговорност, која се надевам и понатаму ќе биде на високо ниво и преку една коректна соработка на бизнис секторот со нас, како Министерство и Влада, ќе продолжи да дава позитивен придонес во унапредувањето не само на студентскиот стандард, туку и на бројни други сфери и области.“

Donacija Telekom -SD GDELCEV-1

Македонски Телеком во насока на својата стратегија за поврзани живот и работа, ги поддржува проектите за поддршкаиразвој на дигиталнотоопштествои унапредувањето на живототи образованието на младите.

Слично

Поврзани вести