Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски менаџери ќе одат на пракса во германски, холандски и британски компании

Македонски менаџери ќе одат на пракса во германски, холандски и британски компании
Сто и педесет македонски менаџери од идната година ќе заминат на практична обука во компании во Германија, Холандија и Велика Британија, објави денеска владата. Тие веќе ја имаат завршено теоретската обука која опфаќа планирање, организација, контрола, изработка на бизнис планови, стратешко планирање и лидерство. Како што информираше владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, практичната настава ќе трае три или четири недели, а најголем дел од трошоците ќе ги покрие Владата. Ќе бидат опфатени менаџери од металопреработувачката индустрија, информатички-комуникациски технологии, трговија, земјоделство, сметководство, прехрамбена индустрија, туризам, консалтинг, шпедиција или маркетинг. - Во извршувањето на практичната работа тие ќе добијат ментор, кој ќе работи со нашиот менаџер во насока на квалитетно влегување на процесите на таа компанија, стекнување нови знаења, практични искуства и вештини кои ќе допринесат за натамошен негов развој. По завршувањето на обуката по враќањето во Македонија менаџерите ќе имаат обврска да достават извештај до Владата и да направат презентација за стекнатите знаења и вештини пред останатите колеги и 150 менаџери дел од овој проект - рече Ѓорѓиев.
Слично

Поврзани вести