Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски лекари на обука во болниците на Субрата Рој

Македонски лекари на обука во болниците на Субрата Рој

Со Меморандум за соработка кој вечерва го потпишаа министерот за здравство, Никола Тодоров и Амреш Чандра, претставник на Сахара хоспитал груп од Индија, дел од конзорциумот „Сахара Индија Паривар“, ќе се продлобочува соработката меѓу македонските лекари и специјалистите од болниците на индискиот бизнисмен Субрата Рој.

Како што појасни министерот Тодоров, со Меморандумот се овозможува македонските лекари специјалисти да бидат испраќани на обука во модерните болници  на индиската Групација, а опфатени се сите приоритетни специјалности за кои досега се склучени договори со поголем број болници во Европа и светот.

„Сахара хоспитал груп од Индија прифати да ги покрие сите трошоци за сместување и престој на нашите специјалисти во Индија, а ние се обврзуваме да ги платиме патните трошоци. Очекувам дека со потпишувањето на овој Меморандум и со испраќање на првата група лекари ќе отпочне и оваа одлична соработка“, посочи Тодоров.

За претставникот на Сахара хоспитал груп од Индија, Амреш Чандра здравството е еден од сегментите во кои се надеваат дека ќе се воспостави добра соработка во иднина.

Групацијата Сахара, рече тој, обезбедува медицински услуги на сите нивоа на здравството, на примарно, секундарно и терцијарно, при тоа имајќи објекти во сите градови кои имаат повеќе од 200 илјади жители.

„Со склучување на овој Меморандум очекуваме дека ваквата соработка ќе излезе надвор од границите од она што Сахара го обезбедува како услуга во Индија, се разбира и тука во Македонија“, изјави Чандра.

Слично

Поврзани вести