Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски компании кои работат со странство се жртви на интернет измамници

Македонски компании кои работат со странство се жртви на интернет измамници
Расте бројот на интернет измани во кои жртви се македонските компании кои работат со странство, соопшуваат од Министерството за Министерството за внатрешни работи. Криминалците го со примена на т.н. spam пораки и методи на „ phishing“  успеваат да ја  „украдат”  лозинката  за  пристап до email-от на еден од бизнис партнерите при што добиваат непречен пристап до историјата на целокупната комуникација. Според МВР, најчесто се случува следното сценариото за измама. Криминалците, (најчесто меѓународни групи) со примена на спам пораки и слични методи ја крадат лозинката  за  пристап до email-от на еден од бизнис партнерите, со што добиваат непречен пристап до целата комуникација. Потоа креираат нови email адреси кои минимално, односно за еден карактер се разликуваат од оригиналните и тешко се забележуваат во комуникацијата (на пример p0raka@mail.com наместо poraka@mail.com). Со примена на лажната лозинка  ја преземаат оригиналната порака, ја модифицираат и ја препраќаат од еден од лажно креираните емаил адреси. На тој начин, како што е наведено во соопштението од МВР, двете страни во комуникацијата се ставени во заблуда дека комуницираат со вистинскиот партнер. Потоа измамниците, кои се претставуваат како вистинскиот партнер - испорачател на договорената стока му испракаат порака на партнерот – набавувач  дека ја имат променето банкарската сметка за уплата на средствата и бараат новите средстава за одредена порашка  да бидат уплатени на нивната сметка. Додека жртвата да сфати дека е измамена, тие ги подигаат парите и ги снемува засекогаш. Според МВР, најчести измани се забележуваат кај македоски компании кои имаат бизнис партнери од  Азија, Африка и Латинска Америка. Со цел да се спречи сголемениот број на вакви измами, од МВР предупредуваат внимателност при промена на ентитететите во комуникацијата, компаниите меѓусебно да обезбедат повеќекратен начин на авторизација и автентикација  и доколку се забележат сомнителни  содржини случајот да се пријави во Единицата за компјутерски криминал пред да се изврши уплатата.
Слично

Поврзани вести