Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонската жена е заглавена во стереотипите и општествените притисоци

Македонската жена е заглавена во стереотипите и општествените притисоци

Каква е улогата на жените во локалните избори во земјава. Застапени ли се, добиваат ли доволно простор, ги прифаќа ли општеството или ги дискредитира… На овие прашања, тимот на Женски Магазин ќе се обиде да добие став од дами, успешни во своите професии.

Ставот на Катарина Синадиновска, Претседател на советот за етика во медиумите, за Женски Магазин го пренесува Вики Чадиковска.

Женски Магазин: Дали сметате дека е премала застапеноста на дамите на градоначалничките листи?

Синадиновска: Македонскиот проблем не е само тоа што жената е премалку застапена на политички функции (еве на овие избори има само 11 жени од 206 кандидати, тука и „премалку“ е малку), тукушто нејзината политичка кариера речиси без исклучок е во сенката на партискиот лидер -маж. Дури и оние жени коишто ќе успеат да влезат во овој смешен процент и потоа да се закитат со функција зрачат со ликот којшто општеството го исцртал како најприфатлив за полот – покорна, послушна, тивка, никако бунтовна, дотерана по калап, вистински поддржувач на успешниот маж зад којшто стои. За мене ова е поголем проблем. Да, ми пречи тоа што нема ниту една жена лидер на сериозна политичка партија, ми пречи малата застапеност на жените, но искрено, најмногу ми пречи задоволувањето на квотата само како законска норма, без суштински да се има волја за сериозна рамноправност на жената и на мажот. Значи, се избираат жени коишто реално немаат капацитети да го засенат неговото височество лидерот и најбитно – никогаш нема да му се спротивстават , а неговите одлуки ќе ги спроведуваат со карактеристичен стоицизам. Затоа наместо упорно да се залагаме за поголем број на жени, да кажеме збор -два и за квалитетот на тие жени и да си одговориме на прашањето зошто со години не блеснала (чест на ретки, ретки исклучоци) навистина успешна жена во македонската политика.

Повеќе прочитајте на zenskimagazin.mk. 

Слично

Поврзани вести