Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонската агенција Пи Ворлд- прва интернационална агенција со дозвола за работа во Иран

Македонската агенција Пи Ворлд- прва интернационална агенција со дозвола за работа во Иран

Тоа што не им успеа на големите светски ПР агенции, и успеа на македонската креативна агенција Пи Ворлд.

Од ноември оваа година, Пи Ворлд ќе биде првата интернационална агенција на која и е дозволено да работи и организира настани во Иран. Имено, агенцијата, од 21-22 ноември во Техеран, главниот град на Иран, го организира првиот интернационален маркетиншки настан во историјата на оваа Исламска република.

indija 1

“Global Marketing Summit”, вклучува презентации од некои од најголемите светски маркетиншки експерти и навистина сме горди што нас ни припадна честа да го организираме овој настан во Иран. Иран го има најголемиот економски потенцијал во Средниот Исток и со подигањето на санцкиите следната година, се очекува да стане и најпримамливата светска дестинација за инвестирање, кажува во својата изјава Коста Петров, првиот човек на Пи Ворлд.

indija 2

Пи Ворлд е основана во Ноември 2010та година и за неполни пет години компанијата успее да се позиционира како лидер во областа за организрање на настани во 30 различни земји во светот меѓу кои се и Катар, Египет, Јордан, Мароко, Азербејџан, Грузија и Турција. Од следната година компанијата ќе започне со работа и во Гана и Индија.

indija 3

Слично

Поврзани вести