Македонска берза организира обука на тема „Принципи на пазарите на капитал“
Македонската берза организира обука на тема: „Принципи на пазарите на капитал“ која што е наменета за Индивидуални инвеститори, претставници на трговски друштва, новинари, студенти и сите оние кои што професионално или лично се заинтересирани да се запознаат со основите и принципите на пазарите на капитал.
Цената на обуката е 1.500 денари со вклучен ДДВ (во цената се вклучени материјалите од предавањата, кафе паузите и сертификатот за учество на обука) со 20% попуст за студенти и истата ќе се одржи во просториите на Македонска берза АД Скопје.
Предавач на обуката е предвидено да биде Кирил Јовановски, Асистент на Одделот за Финансиски менаџмент, Економски факултет при УКИМ. Тој денес работи како асистент на група предмети од областа на финансиите во рамките на Економскиот факултет од Скопје, при Универзитетот „св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде редовно учествува во спроведување на наставата по предметите за Финансиски пазари и институции и Меѓународни финансии. Во текот на неговата професионална кариера има работено во повеќе домашни банки, каде се стекнува со богато искуство од областа на регулацијата и управувањето со финансиските институции, а особено на банките.
До денес има посетувано бројни домашни и странски семинари и конференции од областа на финансиските пазари, каде добива многу корисно практично и теоретско знаење. Дел од тоа знаење има прилика да го пренесе на своите студенти, но и на пошироката стручна јавност преку неговото учество во работењето на Централниот депозитар за хартии од вредност ад Скопје.
Рокот за пријавување на учество е најдоцна 2 (два) дена пред почетокот на обуката или до пополнувањето на групата.
Обуката ќе се одржи доколку се пријават минимум 15 учесници.
Повеќе детали како и целосната програма може да ја погледнете на овој линк.
За сите дополнителни информации можете да испратите e-mail на treningcentar@mse.org.mk или да го контактирате лицето Каролина Каровска Божиноска на тел: 02 3122 055.
