Македонија од утре во жолта-алертна фаза!
Македонија од утре ќе биде зафатена со температури кои ја дефинираат жолтата, односно алертна фаза, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Според УХМР утре и задутре ќе биде сончево и многу топло со температура до 38 степени и УВ индекс 9.
Од УХМР ги потсетуваат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за населението во однос на заштита од директна сончева изложеност.
Треба да се избегнува подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, да се носи лесна и светла облека, да се консумира лесна храна и течности, да се внимава на хигиената на рацете и начинот на подготовка на храната, а хронично болните лица редовно да ја земаат терапијата.
Инаку, синоптичарите прогнозираат дека до петок ќе се задржи претежно стабилно и многу топло време со температури помеѓу 30 и 37 степени.
Слично
