Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија нема производство на сомнително брашно

Македонија нема производство на сомнително брашно
Во Македонија не се произведува сомнително брашно. Сите пратки при увоз, преку детални анализи, се проверуваат постојано, а производителите имаат забрана за користење на увозната пченица без потврда дека таа е проверена и исправна, од страна на акредитираните лабаратории при Агенцијата за храна и ветеринарство и Земјоделскиот инспекторат при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Oваа пракса е воспоставена и се применува под постојан инспекциски надзор, а се почитува од страна на увозниците, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Дополнително, големите увозници кои имаат свои лаборатории, постојано вршат сопствени анализи за контрола на увезените количини и самите реагираат на неправилности, односно ги враќаат сомнителните количини на пченица.
Слично

Поврзани вести