Македонија на саемот за автомобили во Берлин
Македонија беше претставена на Аutomobilwoche со свој штанд. Беа претставени инвестициските можности на земјата во секторот на автомобилската индустија, автомобилскиот саем од 5 до 7 ноември се одржа во Берлин, Германија.
Како што соопштуваат од Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони на Конгресот учествуваа министерот за странски инвестиции Бил Павлески и директорот Виктор Мизо.
Во соопштението се наведува дека присуството на државна институција на овој конгрес беше позитивно оценето како од страна на организаторот, така и од голем дел од учесниците на конгресот кои го посочија ова како пример за држава која работи активно на промоција на можностите и привлекување странски инвестиции.
На конгресот учествуваа повеќе од 300 делегати - производители на автомобили и водечки производители на компоненти за автомобилска индустрија од Европа и светот. Претставниците на Дирекцијата остварија директни средби со голем број компании како резултат на интересот што тие го покажаа по одржаната воведна презентација на директорот Виктор Мизо за инвестициските можности во Македонија.
Аutomobilwoche е најголема платформа во Германија во чии рамки секоја година се собрани највлијателните компании од автомобилската индустрија од земјата и светот.
Слично
