Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија меѓу првите најгостопримливи земји за туризам

Македонија меѓу првите најгостопримливи земји за туризам

Македонија со 6,7 бодови, се наоѓа на трето место на листата на најгостопримливи земји во светот за туристи, заедно со Мароко, Австрија и Сенегал , што на почетокот на месецов ја објави Светскиот економнски форум, пренесе Си-Ен-Ен.

Во вкупниот ранг на најгостопримливи земји на прво место е Исланд, со 6,8 бодови, колку што има и Нов Зеланд на второто место.

Во извештајот за конкурентноста на туристичките земји во 2013 година влегоа 140 земји од светот.

Една од главните ставки во широката анализа беше категоријата „ однос на граѓаните кон туризмот“.

На шесто место се наоѓа Португалија со 6,8 бодови, колку што имаат и БиХ, Ирска и Буркина Фасо, пишува Си-Ен-Ен.

Листата на најмалку гостопримливи земји ја предводи Боливија со 4, 1 бод. По неа следуваат Венецуела, Русија, Кувајт, Иран, Пакистан, Словачка, Бугарија и Монголија, на последното место.

Слично

Поврзани вести