Македонија ќе најде други пазари, ако Русија става блокади
Нови пазари за извоз на македонските праски ќе бараат надлежните, ако Русија продолжи со блокадите.
Ова денеска го најави министерот за економија Крешник Бектеши.
„Не навлегувам во тоа дали руската блокада за праските е политичка одлука или не, но ако Русија продолжи со ваквите мерки, Македонија ќе бара други пазари како што се Европската унија со која најмногу соработуваме и државите од регионот“, рече Бектеши.
Тој напомена дека секоја држава има право да донесува свои одлуки.
-Македонија е насочена кон НАТО и ЕУ, а ако Русија става блокади, ќе бараме нови пазари. Имајќи предвид дека најмногу соработуваме со ЕУ која е и нашиот трговски партнер, како и со нашите соседи, ќе најдеме други пазари, истакна Бектеши.
Слично
