Македонија ќе добие Агро-бизнис зона
Новиот проект за земјоделците, Агро бизнис зона Македонија ќе биде интегрирана зона во која на едно место ќе бидат опфатени складишни центри, трговци и компании.
Ова го најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој објаснува дека на едно место ќе бидат отворени складишни центри за трговци и компании, кои преку акции ќе купуваат и продаваат земјоделски производи, зеленчук и овошје. Зоната ќе се гради во регионот на Неготино. Изградбата би почнала кон крајот на годинава, а во 2018 ќе започне со работа.
„Македонија ќе добие интегриран систем за пласман на земјоделското производство што ќе го намали бројот на учесниците во синџирот на набавка и ќе овозможи поповолна цена за земјоделските производители, но и механизам за воспоставување фер и амортизација на ценовните шокови во периодот на пазарни вишоци. Од суштинска важност е што на едно место ќе се соберат производителите и откупувачите во поголем број, што ќе го зголеми потенцијалот за постигнување конкурентни пазарни цени, што ќе ја сведе на минимум можноста за договарање и рушење на цените“- кажа Груевски.
Зоната ќе се оформи по примерот на холандската, која е најдобра во Европа.
