Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија и Србија ја јакнат полициската соработка – Отворен заеднички контакт центар на Табановце

Македонија и Србија ја јакнат полициската соработка – Отворен заеднички контакт центар на Табановце
На граничниот премин Табановце македонскиот и српскиот министер за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и Ивица Дачиќ, денеска го отворија заедничкиот полициски контакт центар. Според очекувањата на двајцата, овој центар треба да овозможи засилена полициска конторола, поголем надзор за спречување на илегалните емигранти и побрз проток. - Соработката на нашите полиции е оперативна и мислам дека тоа секако ќе продолжи и во наредниот период. Секако ние имаме наши проблеми кои не се наши изворно. Тоа е проблемот со илегалните мигранти проблемот со лажните азиланти. Кога е во прашање Србија тоа најчесто се Роми и Албанци за жал. И во сето тоа е тешко да се пронајдат најдобрите можни мерки освен острите контроли кои ги спроведуваме - посочи Дачиќ.  
Слично

Поврзани вести