Македонија и нуди нова помош на Србија и БиХ
Република Македонија и нуди на Србија транспортен хеликоптер МИ-17 опремен со целокупен екипаж и со специјални единици коишто опслужуваат истиот и којшто е наменет за вакви ситуации за да се помогне во насока на справување со поплавите кои ја зафатија Србија, како и испорачување на електрична енергија.
Како и екипи на МЕПСО, коишто во евентуален случај на побарување од Србија и БиХ би се упатиле веднаш кон нивните земји, со цел да извршат поправки на електроенергетскиот систем онаму каде што има потреба.
Од министерството за здравство, пак покрај онаа помош која што вчера беше делегирана се обезбедени и дополнителни квоти на лекови, пред се антибиотици, антипиретици и останати типови на лекови коишто се користат во вакви ситуации.
Додека приватни компании се договараат за пратки на вода кои што би биле испратени во Србија и Босна.
Доколку е потребно Македонија со сите расположливи ресурси ќе помогне да се ублажат последиците од страшното невреме што ги зафати овие балкански земји,изјави денеска портпаролит на Владата Александар Ѓорѓиев.
Додаде дека во текот на следните неколку часа се очекува да има нова телефонска комуникација меѓу премиерите на Република Македонија и на Република Србија, Никола Груевски и Александар Вучиќ околу дополнително утврдување на определени потреби и координација на помош.
Слично
