МАКЕДОНИЈА Е РАЈОТ: Нов музичко-сценски проект на Сузана Спасовска
„Македонија Рајот“ (Македонска митологија) е новиот музичко-сценски проект на Сузана Спасовска. Популарната пејачка претстави десет нови видеозаписи реализирани од „ИН продукција“, а станува збор за автентични видеоприказни за теми со патриотска и љубовна тематика со кои се афирмира нашата историја. Како комплетни автори на рефрените се потпишани Сашо Ливрински (музика и аранжман) и Бранко Сотировски (текст).
– Ниту еден Македонец нема да остане рамнодушен на слушнатото и виденото. Композициите нудат нешто далечно,но истовремено толку многу блиско, чувство на нешто ново, но веќе видено. Фактот што проектот е работен година и половина, укажува на сериозноста на пристапот, внимателно одбрани текстови и мелодии, внимателно одбрани музички инструменти и на крај врвна интерпретација на Спасовска – порачаа креаторите на проектот.
Прочитајте повеќе на Женски магазин овде.