Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија денеска настапува на Евровизија

Македонија денеска настапува на Евровизија

Денеска во Лисабон во „Алтис Арената ”почнува 63. издание на избор за песна на Евровизија. Првата полуфинална вечер е денес, втората на 10 мај, а главната финална вечер е во сабота на 12 мај.

Учествуваат 43 земји, а нашите претставници – групата „Ај кју” настапува во првата полуфинална вечер. Со нив, во првата полуфинална вечер ќе се натпреваруваат и претставниците на Исланд, Албанија, Белгија,Чешка, Бугарија, Хрватска, Грција, Кипар, Швајцарија, Австрија, Финска и Израел кој важи за најголем фаворит на овогодишната „Евровизија“.

Пред официјалниот почеток на годинашниот избор, претставниците на земјите учеснички прошетаа по синиот тепих во Лисабон, Португалија. Меѓу нив беа и македонските претставници, бендот „Ај Кју“.


Слично

Поврзани вести