Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија 2025 ќе стипендира шест македонски менаџери во Канада

Македонија 2025 ќе стипендира шест македонски менаџери во Канада
„Македонија 2025“, во соработка со Schulich School of Business, годинава ќе стипендира шест македонски менаџери да посетат курсеви во Schulich Executive Education Center и истовремено да остварат работни посети во канадски компании, известува организацијата. Според доопштението од организацијата на менаџерите од Македонија ќе им биде овозможено да посетат курсеви на една од топ 10-те Бизнис Школи во светот. Schulich School of Business е дел од York University од Торонто, Канада и е рангирана меѓу топ 10-те светски Бизнис школи според Financial Times, Forbes Magazine, BusinessWeek, The Wall Street Journal и the Economist Предавачи на школата се и менаџери и професори, секој од нив истакнат лидер и иноватор во своето поле. Развојот на извршните директори е фокусиран/втемелен на принципот „токму-кога-треба“ (just-in-time) учење, фокусирано, практично и веднаш апликативно во однос на моменталните задачи, се вели во соопштението на Македонија 2025. Стипендијатa е во износ од 12,000-15,000 канадски долари, и се состои од можност за посета на пет курса, кои стипендистот би ги избрал од над 120 курсеви чии содржини се апликативни за сите индустрии и сектори. Наменети се за извршни менаџери од Македонија, кои имаат минимум универзитетско образование и пет годишно работно искуство, пожелно од извозно-ориентирани компании или владини институции.
Слично

Поврзани вести