Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонец ќе игра фудбал во Медина

Македонец ќе игра фудбал во Медина

Некогашниот јуниорски фудбалски репрезентативец Влатко Дробаров ќе печали од фудбал, играјќи во Саудиска Арабија, откако потпиша договор со Оход, клуб од Медина.

Поранешниот фудбалер на Вардар во 2013 и 2014 година имал уште еден интерконтинентален ангажман, тогаш во Мексико.

Инаку, Дробаров е поранешен фудбалер на Вардар, Тетекс, Скопје и Напредок Кичево. Има девет настапи за селекцијата до 19 години, а пет настапи за младата селекција до 21 година.


Слично

Поврзани вести