Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мадона продава скапа слика, ќе помага на авганистанските училишта

Мадона продава скапа слика, ќе помага на авганистанските училишта

Поп пејачката Мадона најави дека ќе продаде една апстрактна слика која ја поседува веќе 20 години, а парите ќе бидат донирани за училиштата низ Авганистан.

Сликата „Три жени на црвена маса“ од францускиот сликар Фернан Леже се очекува дека на аукцијата во „Сотби“ ќе достигне цена од пет до седум милиони долари.

Мадона изјави дека сака да „продаде нешто вредно за нешто што нема цена“ во земјите во кои образованието на жените е ретко или не постои.

Пејачката познатата слика на Леже ја купила исто така на аукција во „Сотби“ во 1990 година.

Слично

Поврзани вести