Економија, финансии, бизнис

Контакт

М6 Едукативниот центар: Работилница за унапредување на организациските вештини

М6 Едукативниот центар: Работилница за унапредување на организациските вештини

М6 Едукативниот центар организира дводневна работилница на тема „The power of the value-based organization“ на 3-ти и 4-ти јуни.

Работилницата ќе се фокусира на одговарање на прашања поврзани со визијата и вредностите на една компнија/организација, како истите се компромитирани во кризни ситуации, но и како да се најдат соодветни решенија за проблемите кои ги носи неизвесноста. Статистиката покажува дека повеќе од 500 организации низ 35 земји од светот кои имале јасно дефиниран сет на вредности се несомнено организации кои забележале најголем успех, уште од 1997 година.

Вредностите на една организација се нејзините најмоќни стратешки алатки во услови на постојани промени и прилагодување кон истите. Вредностите мора да се автентични, да ја отсликуваат мисијата и работата на компанијата и да се споделуваат соодветно, како со вработените така и со јавноста. За да може компанијата да се гради на база на вредности треба да има развиена корпоративна култура каде вредностите се споделуваат меѓу сите вработени и тие дејствуваат и работат во согласност со системот на вредности.

Оваа работилница ќе им овозможи на учесниците разбирање на важноста на ваквиот пристап на систем на вредности и ќе обезбеди алатки кои тие ќе можат да ги користат за да развијат организација која ќе се заснова на дефиниран сет на вредности.  Дел од содржината ќе биде посветен и на тоа како овој пристап може да им помогне на организациите да ги надминат предизвиците кои ги носи Ковид-19 пандемијата, да го развијат етичкото корпоративно однесување, да поттикнат иновации и поголема посветеност.

На темата ќе зборува проф. д-р Дарија Алексиќ, вонреден професор на Економскиот факултет од Љубљана и специјалист од областа на менаџмент и организациски науки.

Работилницата ќе се реализира виртуелно, на платформата zoom, ќе трае два дена (03. и 04.06.2021) и ќе започне во 13:00 часот.

Сите пријавени учесници ќе добијат линк за учество на работилницата, навремено пред

почетокот на истата.

Цената за учество на работилницата изнесува 12.000 денари (+ ДДВ).

За двајца учесници од иста компанија/организација постои можност за попуст.

Регистрирајте се за работилницата „The power of the value-based organization“на следниот линк: http://m6.edu.mk/events/the-power-of-the-value-based-organization/

ПР објава

Слично

Поврзани вести