Економија, финансии, бизнис

Контакт

Lynx.press со феноменална герила маркетинг кампања во Македонија

Lynx.press со феноменална герила маркетинг кампања во Македонија

Lynx.press е македонски WordPress плагин со кој сопствениците на блогови и портали можат брзо и едноставно да создадат врвно дизајнирани мобилни апликации за Android и iOS.

Компанијата која стои позади развојот на овој плагин деновиве реализираше интересна и несекојдневна герила маркетинг кампања со користење на Google AdWords, која предизвика големо внимание и симпатии во домашната интернет јавност.

Имено, дечките од Lynx.press со намера да ги таргетираат сопствениците на најпопуларните македонски портали започнаа кампања со која при секое пребарување на името на сајтот или името на сопственикот на некој од порталите во Македонија, се појавува реклама која го повикува оној што пребарува да му препорача на газдата од порталот да си направи свои Android и iOS апликации, брзо и едноставно со користење на споменатиот плагин.

Кампањава ја приметивме кога од мобилен посакавме да пребараме еден наш портал:

FOTO1_Gero

Ако го пребаравте сајтот Кајгана, излегуваше оваа Google AdWords реклама

FOTO2_Dare

Ако во полето за пребарување внесевте Fakulteti

FOTO3_Koko

A eве како изгледаше ако случајно го пребарувавте Трендо:

FOTO4_Trendo

Со кампањата беа таргетирани сопствениците на најпопуларните 30 македонски веб портали кои се покануваат да го искористат Lynx.Press плагинот и на своите читатели да им обезбедат врвни мобилни апликации за iOS и Android.

Можеме да претпоставиме какви биле реакциите на самите сопственици кога на пример самите си го пребарувале сопственото име на Google :)

Браво дечки, одлична кампања !

Слично

Поврзани вести