Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љупчо Георгиев е новиот Генерален Директор на Мајкрософт за Македонија и Косово

Љупчо Георгиев е новиот Генерален Директор на Мајкрософт за Македонија и Косово

Љупчо Георгиев е новиот Генерален Директор на Мајкрософт за Македонија и Косово,промената ќе стапи на сила на 02 април 2016. Тој ќе ја преземе позицијата од Стефан Плавјански, кој одлучи да го напушти Мајкрософт по речиси 3 години и да бара нови предизвици надвор од компанијата.

Љупчо Георгиев носи во Мајкрософт 19-годишно професионално искуство, почнувајќи ја својата кариера во Хермес Плус (СНТ), како претставник за продажба, кој последователно менува различни директни и индиректни работни места во секторот за продажба.

IMG_3876

Тој придонесе за цврст раст на бизнисот на компанијата управувајќи со бизниси за големи претпријатија во Македонија и во регионот на Балканот, додека беше одговорен за продажба и маркетинг операции поврзани со системски решенија. Стана директор во СРЦ СИ, градејќи софтверски решенија и тим за продажба, пред да замине во Циско Системи како Извршен директор за МАК регионот. Љупчо му се придружува на тимот на Мајкрософт од Густав Кејзер Тренинг Интернационал, каде што тој беше консултант, лидер за обука и тренер, и даваше услуги на различни компании во регионот, со значајно влијание.

Љупчо дипломирал на Електротехничкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“во Скопје.

IMG_3904

“Да се биде дел од семејтвото на Мајкрософт е чест и привилегија, одговорност и напорна работа од една страна и предизвик од друга страна , место каде што можеме да споделуваме позитивна енергија, да бидеме подготвени за нови промени, да се забавуваме и да уживаме во иднината, која ќе донесе резултати и успех за подобро утре. Јас сум воодушевен од можноста да придонесам за успехот на компанијата и да направам силно влијание врз развојот на бизнисот и земјата.“, изјави Љупчо Георгиев.   

Слично

Поврзани вести