Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лозарите до срединава на месецот ја очекуваат првата рата за грозјето

Лозарите до срединава на месецот ја очекуваат првата рата за грозјето

Винарите до 15 месецов треба да ја исплатат првата рата за откупеното грозје во изминатата сезона. 

Лозарите се надеваат дека законскиот термин ќе биде испочитуван. 

„Се надеваме дека ќе ги испочитуваат законските одредби и ќе го платат навреме  родот произведен со мака и пот. Веќе се почнати активностите во лозовите насади за следната производствена сезона, па неопходни ни се финансиски средства“- изјави претседателот на Регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија”, Љупчо Аризанов.

Тој вели дека лозарите од Тиквешијата го почнаа кроењето на виновите лози.

На лозјата во земјава годинава се собрани околу 180 милиони килограми винско грозје. Дел од грозјето е извезено во странство, а дел заврши во домашните преработувачки капацитети. 


Слично

Поврзани вести