Лозарите бараат по 14 денари за вранец и 12 денари за килограм смедервка
Од винарските визби лозарите бараат по 14 денари за килограм вранец и 12 денари за смедервка, чии претставници денеска се на средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Како што изјави претседателот на Регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија” Љупчо Аризанов, производителите очекуват нивниот предлог да биде прифтен од страна на винарите. „Бараме цени малку повисоки од лани. Со повисоките цени и со субвенциите што ги добиваме, лозаропроизводството ќе биде исплатливо“, рече Аризанов. Во најголемиот лозарски регион во тек е бербата на висококвалитетните сорти грозје.
Слично
