Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лозари:Додека не ни се исплатат долговите нема продажба на „Винеа”

Лозари:Додека не ни се исплатат долговите нема продажба на „Винеа”

Четириесетина лозари денеска протестираа пред канцеларија на извршител во Кавадарци. Бараат да не се изврши најавената продажба на винарската визба „Винеа” од Штип која откупувала грозје во објект во росоманско Паликура.

- Немаме ништо против винаријата да се продаде, но сметам дека прво треба да се расчистат долговите кон лозарите, а потоа винарницата да се продава. Не може да се продава „Винеа” кога лозарите не си ги добиле своите пари. Не се само овие луѓе, бројот на оние кои се незадоволни е многу поголем. Ова се луѓето кои побаруваат за 2009 и 2010 година, а има и такви кои во објектот на „Винеа” го дале и грозјето за минатата година, изјави претседателот на регионалниот Сојуз на лозари Љупчо Аризанов.

Слично

Поврзани вести