Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лото добивка од 636 милиони долари се падна во Калифорнија

Лото добивка од 636 милиони долари се падна во Калифорнија

Висока премија од 636 милиони долари добил играч на Американската лотарија Мега Милионс во градот Сан Хозе, во Калифорнија. Засега се уште не е познато дали уште некој друг играч ги погодил среќните бројки од вчерашното извлекување.

Износот на премијата почна вртоглаво да расте во изминатите неколку денови, откако низ САД граѓаните направија долги редици чекајќи да купат по неколку десетици, па и стотици тикети од по еден долар. Само во текот на вчерашниот ден, фондот за добивката порасна од 586 на 636 милиони долари. Доколку има само еден добитник, тој ќе добие понуда да ги подигне парите во 30 рати, кои постепено ќе се наголемуваат, или веднаш да наплати 341,2 милиони долари.

Слично

Поврзани вести