Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лотарија: Караванот за „Фискална во рака – награда без мака“ масовно се посетува

Лотарија: Караванот за „Фискална во рака – награда без мака“ масовно се посетува
Во центарот на Скопје , пред продажното место МПМ ПРЕС , од денеска е поставен нов пункт каде граѓаните ќе можат да ги оставаат ковертите наменети за наградната игра „Фискална во рака - награди без мака“, и да вршат уплата за игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Точната локација на ова продажно место е веднаш до Кафе ТРЕНД  на плоштадот Македонија, а работи со следниот распоред: - од понеделник до четврток - од 07:00 - 00:00 - петок и сабота - од 07:00 - 01:00 (по полноќ) - недела - од 09:00 - 22:00 Во Скопје покрај продажното место МПМ ПРЕС , секој ден ќе функционираат уште три истурени пунктови на наградната игра и тоа на улица „Македонија“ пред Толлакс – продажно место на Државна Лотарија, во „Техномаркет“ – Сити Галери и во зградата на МРТВ. Истурените пунктови низ Македонија за наградната игра „Фискална во рака – награди без мака“ продолжуваат низ Македонија. Граѓаните ќе можат од 10:00 до 16:00 часот да го достават своите пликоа во сандачињата за наградната игра пред продажните места на Државна Лотарија на Македонија, според следниот распоред:
Среда 19.02. ОХРИД (продажно место ПРАГМА)
Четврток 20.02. СТРУГА (продажно место КИКИ ТВИНС)
Петок 21.02. КИЧЕВО (продажно место АНДРОКО)
Сабота 22.02. ГОСТИВАР (продажно место ЈОТОН)
Недела 23.02. ТЕТОВО (продажно место БАРТОН)
Недела 23.02 КУМАНОВО (продажно место КЕОПС)
Следното извлекување е на 24 февруари, а главната награда овојпат ќе биде автомобил Сеат Ибица. Ќе бидат доделени и 150 вредносни ваучери од 1.000 до 60.000 денари, информираат од Државната лотарија на Македонија.
Слично

Поврзани вести