Лондон е најбогатиот град во Европа
Британската престолнина е најбогатиот град во Европа со најголем бруто домашен производ по глава на жител, соопшти „УНИАН“, повикувајќи се на информации од Заводот за статистика на Европската унија.
На секој граѓанин на Лондон му припаѓаат 325% БДП во споредба со просечниот показател на ЕУ.
На второ место се наоѓа Луксембург, во кој секој човек произведува 258% од просекот за Европа.
На трето, четврто и петто место се рангираат Брисел, Хамбург и холандскиот Гронинген.
Слично
