Лојалните работници заработуваат повеќе пари
Иако наоѓањето на лојален вработен е најтешката работа за работодавачите, сепак истражувањата покажуваат дека токму оние работници кои често менуваат работни места всушност помалку пари.
Во истражувањето спроведено над 50, 000 вработени во софтверската индустрија во САД е утврдено дека работниците кои останале 5 години во иста компанија имаат за 8% повисока плата на годишно ниво, наспроти 5% кај работниците кои честопати ја менуваат компанијата за која работат.Истражувањето покажало и дека тие се многи попродуктивни и покреативни од оние кои брзо си заминуваат.
Честата промена на работното место во потрага по повисоки примања не е препорачливо, освен во случај кога работникот оди во нова компанија поради предизвикот и напредок во кариерата, а не поради статус и моќ.
Сепак и во тој случај е потребна претпазливост, се вели во студијата.
Оној кој се решава за промена на работното место треба да има вистинска причина за тоа и да не прави пречести промени.
Луѓето кои пречесто менуваат работа поради малку повисока плата или функција, брзо ќе бидат откриени од работодавачите и овој факт нема да оди во нивна полза, заклучуваат американските истражувачи.
Слично
