Љубов е кога..
Се сеќавам на цело свое детство горе долу. Знам дека растев во семејство започнато со многу љубов, од едни двајца што се засакале без план, без финансиски грб и без компас. Имам една слика за целина што не ја гледам веќе често околу себе, а секој ден ме мотивира да бидам подобар човек за едно повеќе. Знам дека цело детство и цела младост ја поминав надвор, на улица. Како дете со најголемиот сендвич во рака направен специјално од бабата, играв напоредно со барбики, готвев со кал, играв фудбал и џамлии. Како тинејџер од дома задршка немав, моите се погрижија да почувствувам што значи семејство, поддршка и почит, што значи да пуштиш едно дете да се пронаоѓа, а притоа суптилно да го водиш во темницата. Немав временска граница на излегување, а сепак си доаѓав на време дома, правев милион и една глупост, а сепак тоа беше систематски исконтролирано.
Целата колумна на Ивана Кнез читајте ја на Женски магазин, тука.
