Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љубљанската берза се приклучи кон СЕЕ Линк

Љубљанската берза се приклучи кон СЕЕ Линк

Љубљанска берза (LJSE) од 08.12.2016 година е активна членка на СЕЕ Линк, што ќе овозможи тргување со хартии од вредност од Словенија преку оваа платформа.

По Белградската берза, ова е втора берза што се приклучи на СЕЕ Линк по неговото формирање од страна на трите берзи основачи (Загребска, Бугарска и Македонска).

Алеш Ипавец, Претседател на Управниот одбор на Љубљанска берза, рече: Љубљанската и Белградската берза се последните берзи од регионот на Југоисточна Европа кои се приклучија на СЕЕ Линк и тоа е важен чекор кон поблиска регионална соработка. Малите берзи од регионот поединечно не можат да бидат успешни и градењето на силни врски меѓу берзите на ваков начин ќе доведе до создавање на силен и успешен регионален пазар.

Со пристапување на LJSE,СЕЕ Линк - системот за регионално пренасочување на налозите за тргување сега поддржува тргување на вкупно пет пазари, со пазарна капитализација од повеќе од 38,5 милијарди долари и повеќе од 500 акции со кои може да се тргува.

Системот има за цел да се зголеми ликвидноста и да се подобри пристапот на инвеститорите и локалните брокери.

Слично

Поврзани вести