Економија, финансии, бизнис

Контакт

Листеријата однесе уште еден живот

Листеријата однесе уште еден живот
Опасната бактерија листерија е причина за смртта на уште еден пациент од Кочани. Ова е втора жртва на листериозата во овој град, а петта во Македонија, јавија локалните медиуми во Кочани. Одложеното објавување на изворот на бактеријата и починувањето на уште едно лице од Кочани заразено од опасната бактерија кај луѓето предизвика паника, објави Канал 8. Од Центарот за јавно здравје во Кочани смируваат. Освен двајцата починати ново примени лица заболени од бактеријата нема, информира д-р Натка Каранфилова, специјалист - епидемиолог. Анализите на здравствените власти се уште не го идентификуваа производот преку кој откриените пациенти се заразија со листерија. Од анализираните 610 примероци од месната и млечната индустрија во земјава, присуство на опасната бактерија листерија било утврдено кај 23, но ниту еден не може да се поврзе со случаите на листериоза кои се појавија. Од позитивните примероци кај кои било утврдено дека постои листерија, во осум случаи таа била под дозволеното ниво, додека кај останатите е направена генотипизација која не покажала ниту едно совпаѓање со листеријата кај заболените лица. Од Агенцијата за храна велат дека потрагата по изворот на смртоносната зараза продолжува, а ако се утврди дека тој не е во месните и млечните производи од домашно производство ќе се продолжи со тестирање на увозните производи, на овошјето и зеленчукот.
Слично

Поврзани вести