Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИСТА НА ЕКОНОМСКИ СЛОБОДИ: Македонија прва во регионот

ЛИСТА НА ЕКОНОМСКИ СЛОБОДИ: Македонија прва во регионот

Според индексот на економски слободи за 2015 година, која ја изработуваат Херитаж фондацијата од Вашингтон и весникот „Волстрит журнал“ Македонија со вкупно 67,1 бодови го завзема 53 место и е пред сите земји во регионот.

Соседна Србија напредувала за 0,6 поени па со вкупно 60 го завзема 90 место и во едно последното во категоријата на „умерено економски слободни земји“.

Сите земји од регионот, освен БиХ се наоѓаат во иста категорија, а предност има Македонија, која како што споменавме погоре со вкупно 67,1 бодови го завзема 53 место  .

Следи Албанија со 65,7 поени на 63 место, Црна Гора три места пониско со 64,7 поени, Хрватска е на 81 место со 61,5 поени, Словенија е две места подобро рангирана од Србија со 60,3 поени.

Босна и Херцеговина е единствена земја од околината која останала во категоријата „воглавно неслободни земји“, со 59 поени.

Економски најслободна земја во светот оваа година е Хонг Конг со 89,6 поени, а го следи Сингапур  (89,4), Нов Зеланд (82,1), Австралија (81,4) , Швајцарија (80,5) и од 178 земји само првите пет се сместени во категоријата „економски слободни“ (над 80 поени).

Уште 30 земји спаѓаат во категоријата „воглавно економски слободни“ (од 70 до 80 поени), а 55 во категоријата „умерено економски слободни“ (од 60 до 70 поени).

Како „воглавно економски неслободни“ (од 50 до 60 поени) се оценети 62 земји, а како „економски репресивни“ (под 50 поени) 26 земји. Последното место на листатта од 178 земји, со само 1,3 поени го завзема Северна Кореја.

Слично

Поврзани вести