Економија, финансии, бизнис

Контакт

Листа: Неработни денови во 2014 година!

Листа: Неработни денови во 2014 година!
Уште еден месец не дели од новата 2014 година и уште еден неработен ден - 8 декември кој бидејќи се паѓа во недела, се преместува во понеделник. Но многу сограќани веќе почнаа да го листаат распоредот на неработни денови за 2014 година. Еве како изгледа тој: За сите граѓани на РМ · 01 јануари (среда), Нова Година · 07 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар · 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар · 01 мај (четврток), Ден на трудот · 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители · 28 јули (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам · 02 август (сабота), Ден на Републиката · 08 септември (понеделник), Ден на независноста · 11 октомври (сабота), Ден на народното востание · 23 октомври (четврток), Ден на Македонската Револуционерна Борба · 08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски” За граѓаните од православна вероисповед: · 06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик · 19 јануари (недела), Богојавление (Водици) · 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден · 06 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден · 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) За граѓаните од католичка вероисповед · 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден · 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци · 25 декември (четврток), првиот ден на Божик За граѓаните од муслиманска вероисповед: · 4 октомври (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: · 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука За граѓаните припадници на српската заедница во РМ: · 27 јануари (понеделник), Свети Сава За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ: · 08 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ: · 23 мај (петок), Национален ден на Власите За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: · 4 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: · 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: · 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик
Слично

Поврзани вести