Лимузината на Борис Елцин продадена за повеќе од 334.000 долари
Оклопната лимузина Mercedes-Benz С класа Trasco Bremen, со која првиот претседател на Русија Борис Елцин одел на официјални и лични средби, беше продадена во Санкт Петербург за 19,7 милиони рубљи (334 295 американски долари).
„Лимузината беше продадена на колекционер за 19,7 милиони рубли“, рече претставник на автосалонот, кој ја продал колата.
Огласот се појави на еден од сајтовите за продажба на автомобили. Според него лимузината е исправна и е со воланот од левата страна, а нејзината километража е 60 илјади километри. Направениот автомобил по специјална нарачка предизвика голем интерес меѓу купувачите и новинари. Продавачот ја опишува како "достоен примерок за добра колекција".
Неодамна друг Mercedes-Benz на Борис Елцин кој е починат пред 10 години беше продаден за 33 милиони рубљи (речиси 560 илјади долари).
