Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИДЕР: Сите во Северна Кореја мора да имаат фризура како Ким Јонг-ун!

ЛИДЕР: Сите во Северна Кореја мора да имаат фризура како Ким Јонг-ун!
Сите мажи во Северна Кореја мора да имаат иста фризура како нивниот лидер Ким Јонг-ун, објави Би-Би-Си, наведувајќи дека се работи за нова одлука на севернокорејската власт, која пред две недели била воведена за жителите на главниот град Пјонгјанг и студентите на универзитетите, а потоа се проширила и на останатите делови на земјата. Досега мажите во Северна Кореја можеа да избираат меѓу 10 „дозволени“ фризури, а жените имаa 18 опции, но со новата одлука мажите веќе немаат право на избор. Со одлуката на севернокорејскиот лидер не се согласуваат ниту сите во Северна Кореја, бидејќи оваа фризура претходно ја носеле шверцерите, па таа во земјата е позната како „шверцерска“. „Фризурата на нашиот лидер е навистина посебна и таа не му прилега секому“, рекол анонимен извор во Пјонгјанг. Сепак, и незадоволните одлуката ќе мора да ја почитуваат, бидејќи во спротивно следуваат казни.  
Слично

Поврзани вести