„LG“ подготвува телефони со имињата „G Chocolate“, „G Black“ и „G Plus“?
LG неодамна поднесе барање за патентирање на нови имиња, кои би можеле да се искористат за претстојните смартфони на компанијата. Имињата кои се откриени, вклучувајќи ги LG G Chocolate, LG G Black, LG G Black Slim, LG G Black Sound и LG G Plus. Сит заштитни имиња покриваат широк спектар на производи, од мобилни телефони до таблети и носечки уреди.
Пред неколку години, LG имаше Black серија на телефони, која ги вклучуваше моделите LG Chocolate, LG Shine, LG Secret и LG New Chocolate BL40.
Па може да се претпостави дека G Chocolate и G Black би можеле да бидат искористени како имиња за новите телфони.
Секако, не се искористуваат сите имиња кои се заштитат со патент на вистинските производи. Меѓутоа, матрицата со новите имиња се поклопува со неодамна лансираните LG смартфони, како што се LG G Vista или LG G Pro.
Во минатото тримесечје, LG продаде 16,8 милиони смартфони, така да сега е одлично време за нови телефони кои додатно ќе ја подобрат продажбата.
