ЛЕТУВАЈТЕ ТАМУ: Цените на овие летувалишта се вистинско џабе, а забавата неверојатна!
Компанијата „Post Office Travel Money“ ја објави листата најевтини туристички дестинации на кои можете да уживате во излежувањето на плажа.
При креирање на листата разгледани се факторите како просечна цена на различни пијалоци, оброци, креми за сончање и средства против инсекти, а резултатите изгледаат вака:
На 10 место се наоѓа островот Кефалонија во Грција на кој цените се движат вака: шолја кафе -2,1 евро, чаша вино-3,16 евра, крема за сончање 4,21 евро, флаша локално пиво -4,21 евро, 1,5 л минерална вода 0,76 евра, ручек со прејадење и десерт за двајца -26,31 евро, средство против инсекти-3,16 евра, вечера со предјадење и десерт за двајца со флаша вино 37,89 евра. Вкупно: 87,85 евра.
На 9 место се наоѓа приморското одмаралиште Пореч во Хрватска, каде трошокот е нешто помал: Шолја кафе 1,46 евра, чаша вино - 2,18 евра, флаша локално пиво 2,18 евра, 1,5 л минерална вода 0,58 евра, крема за сончање 8,02 евра, средство против инсекти 4,37 евра, ручек со предјадење или десерт за двајца 17,48 евра, вечера со предјадење и десерт за двајца со флаша вино 40,79 евра, Се вкупно 83,61 евро.
На 8 место се наоѓа островот Закинтос во Грција познат по лудите журки и место каде доаѓаат голем број воглавно млади туристи.
Ценовникот на Закинтос изгледа вака: За шолја кафе мора да издвоите 1,58 евра, флаша локално пиво 1,85 евра, чаша вино 1,85 евра, 1,5 л минерална вода 0,32 евра, крема за сончање 9,47 евра, средство против инсекти 2,63 евра, ручек со предјадење или десерт за двајца 27,36 евра, Вечера со предјадење и десерт за двајца со флаша вино 33,67 евра. Сето тоа вкупно би ве чинело 82,92 евра.
На 7 место се наоѓа преубавиот грчки остров Крит на кој ценовникот изгледа вака: шолја кафе 0,85 евра, флаша локално пиво 2,31 евро, чаша вино 2,1 евро, 1,5 л минерална вода 0,42 евра, крема за сончање 12,62 евра, средство против инсекти 6,76 евра, ручек со предјадење или десерт за двајца изнесува 18,94 евра, Вечера со предјадење и десерт за двајца со флаша вино 31,56 евра. Вкупниот износ е 81,01 евро.
Шестото место го зазема Коста Бланка во Шпанија каде шолја кафе чини 0,85 евра, флаша локално пиво изнесува 2,31 евро, чаша вино 2,1 евро, 1,5 л минерална вода 0,42 евра, крема за сончање 12,62 евра, средство против инсекти 6,76 евра, ручек со предјадење или десерт за двајца 18,94 евра, вечера со предјадење и десерт за двајца со флаша вино 31,56 евра. Вкупниот износ е 79,89 евра.
На 5 место е Хихон во Шпанија, во кој цените се следни: Шолја кафе 1,26 евра, флаша локално пиво 2,31 евро, чаша вино 2,31 евро, 1,5 л минерална вода 0,53 евра, крема за сончање 9,47 евра, средство против инсекти 6,73 , ручек со предјадење или десерт за двајца 13,67 евра, вечера со предјадење и десерт за двајца со флаша вино 37,57 евра. Вкупниот износ е 67,53 евра.
Четвртото место му припаѓа на шпанското летувалиште Коста де Сол. Ценовникот на ова летувалиште изгледа вака: Шолја кафе 1,26 евра, флаша локално пиво 2,1 евро, чаша вино 1,85 евра, 1,5 л минерална вода 0,4 евра, крема за сончање 5,21 евра, средство против комарци 2,9 евра, ручек со предјадење или десерт за двајца 18,94 евра, вечера со предјадење и десерт за двајца со флаша вино 31,56 евра. Вкупно 67,53 евра.
На 3 позиција се наоѓа местото Лимасол на Кипар. Каде цената на шолја кафе е 2,63 евра, флаша локално пиво 1,85 евра, чаша вино 3,16 евра, 1,5 л минерална вода 0,35 евра, крема за сончање 7,35 евра, средство против комарци 1,78 евра, ручек со предјадење или десерт за двајца 17,89 евра, вечера со предјадење и десерт за двајца со флаша вино 22,1 евро. И тоа се ќе ве чини 66,46 евра.
Второто место го зазема Алгарве во Португалија, каде за шолја кафе мора да издвоите 0,8 евра, флаша локално пиво 1,26 евра, чаша вино 1,58 евра, 1,5 л минерална вода 0,38 евра, крема за сончање 7,54 евра, средство против комарци 5,53 евра, ручек со предјадење или десерт за двајца 17,89 евра, Вечера со предјадење и десерт за двајца со флаша вино чини 27,36 евра. Вкупно 60,33 евра.
И на крај 1 место со најевтин ценовник се наоѓа во Сончев брег во Бугарија, каде кафе може да се напиете за 1,12 евра, пиво за 0,83 евра, чаша вино 2,23 евра, 1,5 л минерална вода 0,5 евра, крема за сончање 5,03 евра, средство против инсекти 2,8 евра, ручек со предјадење или десерт за двајца 8,94 евра, вечера со предјадење и десерт за двајца со флаша вино 27,93 евра. Вкупно 53, 29 евра.


