Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лесја Украинка: Украина ги уништи сите руски ракети за време на последниот напад, потврдувајќи ја ефективната употреба на системите за противвоздушна одбрана

Лесја Украинка: Украина ги уништи сите руски ракети за време на последниот напад, потврдувајќи ја ефективната употреба на системите за противвоздушна одбрана

Силите за воздушна одбрана уништија осум ирански дронови камикази во текот на ноќта на 27 јули 2023 година. Покрај со дронови, русите ги напаѓаазаспаните градови на Украина со ракети „Калибр“.

„Ноќта на 27 јули 2023 година, русија нападна од југоисточен правец со ударни беспилотни летала и крстосувачки ракети. Вкупно се фиксирани две лансирања на КР „Калибр“ од подморница во Црното Море и осум ирански дронови камикази Шахед-136/131 во правецот на Приморско-Ахтарск“, се вели во известувањето на Воздухопловните Сили на Вооружените Сили на Украина во Telehgram.

Се забележува дека „Калибрите“ ја нападнале пристанишната инфраструктура на Одеската област, како резултат на што има оштетувања и настрадани лица.

Системот за противвоздушна одбрана ги уништи сите крстосувачки ракети, соборени се исто така и аеробалистичките ракети „Кинжал“, кои според русите „немаат аналози“. Уништени се сите осум ударни беспилотни летала кои се движеа во правец на Хмелницката област.

Украина докажа дека може изненадувачки ефикасно да користи противвоздушни системи, но Вооружените Сили на Украина имаат недостиг од такво оружје и, како резултат на тоа, истото е нерамномерно распоредено низ целата држава. русија го разбира тоа и го користи принципот на „рој“ ракети, што се одрази за време на гранатирањето на украинските пристаништа. Се нанесуваа удари на голем број ракети кои летаа во правец на една цел. Кога Украина би имала повеќе системи за противвоздушна одбрана, руските ракети не би можеле да ѝ предизвикаат значителна штета на Украина.

За време на нападите на пристаништата во Одеса, русија користеше ракети „Оникс“, чија  карактеристична особина им е тоа што тие летаат на екстремно мала височина - околу 10 метри и речиси е невозможно да се соборат со средствата за противвоздушна одбрана кои ги поседува Украина. Така, на Украина ѝ се потребни соодветни средства за противвоздушна одбрана, еден од кои е француско-италијанскиот развој на системот за противвоздушна одбрана SAMP/T- таа може да пресретнува цели кои летаат на висина од 5 метри. Се очекува русија да продолжи да ги користи ракетите „Оникс“, со што ќе се актуелизира снабдувањето со системот SAMP/Tза Вооружените Сили на Украина, кој е аналог на Patriot.

Во моментов, Украина има речиси најголемо искуство во практична примена на средства за противвоздушнаа одбрана меѓу сите земји во светот. Во исто време, русија стана олицетворение на држава-терорист која врши ракетен терор. Украина треба да добие повеќе системи за противвоздушна и противракетна одбрана за да може да се увери путин дека западниот систем за противвоздушна одбрана е беспрекорен.

Тековните ракетни напади врз Украина од страна на рф докажуваат дека путин нема да запре: како што ќе добива нови серии на ракети и дронови така русија ќе нанесува такви напади. Тоа го потврдува и посетата на Шојгу во Северна Кореја.

русија бара извори за снабдување со оружје, вклучително и ракети. Северна Кореја може да стане земја која ќе го доставува своето, или во најлош случај - кинеско оружје, дејствувајќи како посредник.

Додека кремљ прогласува мирни услови и повикува на преговори, руската армија врши геноцид врз Украинците. Во такви услови, нема никаква смисла да се води дијалог со русија – таа може да се запре само со оружје.

Западот мора да разбере дека путин нема да запре. Украина стана цитадела на Европа. Мора да направиме се што е можно за да обезбедиме Вооружените Сили на Украина да добијат што е можно повеќе средства за противвоздушна одбрана, бидејќи ракетните напади од страна на рф ќе продолжат.

Се очекува ракетните напади да станат се почести пред почетокот на студеното време - русија повторно ќе се обиде да предизвика енергетски колапс во Украина.

За Украина мора да се формира систем за противвоздушна и противракетна одбрана на повеќе нивоа: секој украински град мора да биде сигурно заштитен, моментално систем за противвоздушна одбрана на повеќе нивоа постои само во Кијив. русија се почесто користи балистика - како што ќе се зголемуваат воените неуспеси на рф, така оваа тактика постојано ќе се повторува.

русија е држава-терорист, чии злосторства ги потврдија намерите на путин да ја окупира Украина, оружјето за Вооружените Сили на Украина е од критично значење во контекст на неширење на руската агресија, која може да се прошири на територијата на Европа.

русија се претвори во егзистенцијална закана за цивилизираниот свет. Ракетниот терор што се случува во Украина ќе се случи и во западните земји доколку русија не биде запрена во Украина. руската воена индустрија треба да добие сеопфатни санкции кои ќе ја забават забрзаната милитаризација на руската федерација. Државата-терорист претставува закана за човештвото, таа мора да биде запрена со заеднички напори на Западот.

ПР Објава на Здружението Лесја Украинка

Ставовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор

Слично

Поврзани вести