Лесја Украинка: Русите ја интензивираа работата на воените комесаријати за зголемена излезност на псевдоизборите на привремено окупираните територии
Русите се обидуваат да ја обезбедат потребната излезност на „изборите“ на 10 септември по пат на вклучување на што повеќе луѓе на „гласањето“. За да го направат ова, од почетокот на август окупаторите ја прекинаа организираната депортација на граѓаните на Украина од привремено окупираните територии на територијата на РФ.
На „воените комесаријати“ на руските окупациски власти на привремено окупираните територии на Луганската област им беше наложено да го забрзаат военото регистрирање на „регрутите“ и „лицата обрвзани да служат воен рок“ од редот на жителите на окупираниот регион.
Се претпоставува дека на овој начин окупаторите планираат да го забрзаат темпото на мобилизација, особено за време на псевдоизборите ќе ги прецизираат списоците со лица кои може да бидат мобилизирани.
„Токму за таа цел окупациските администрации дозволија користење на кој било документ за лична идентификација при регистрација на „избирачките места“, вклучително и украински пасоши и возачки дозволи“, се вели во соопштението на Украинскиот центар на национален отпор.
Почнувајќи од 2014 година, рф одржува незаконски референдуми и избори во привремено окупираните територии – АР Крим и градот Севастопол, делови од Донецката и Луганската област на Украина, а од 2022 година - на територијата на Херсонската и Запорижската областна Украина.
Одржувањето на изборите од страна на руската федерација на привремено окупираните територии на Украина е во спротивност со нормите на меѓународното право и Уставот на Украина. Така, руските окупациски администрации насилно ги вклучуваат да учествуваат на изборите граѓаните на Украина кои се жители на привремено окупираните територии. Се користат уцени, заплашувања, присилно издавање пасоши, замена на украинските документи за идентификација со нивните руски аналози итн.
Меѓународната заедница треба да ги признае резултатите од изборите на привремено окупираните територии на Украина како таквикои немаат правни последици, а за организаторите на изборите привремено окупираните територии на Украинатреба да се воведат меѓународни санкции. Активните учесници на ваквите избори треба кривично да одговараат.
Украински центар на националниот отпор
ПР Објава на Здружението Лесја УкраинкаСтавовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор
