Лесја Украинка: Русија ја користи Белорусија за да ги дестабилизира соседните НАТО земји
Претходно оваа недела, Белорусија иницираше заеднички вежби на 6-тата посебна гардиска механизирана бригада на границата со Полска и Литванија во услови на тензии поради пристигнувањето на платеници на ПВК „Вагнер“ во земјата.
Присуството на платениците на „Вагнер“ во Белорусија е дел од стратешкиот и тактичкиот план на кремљ, а не резултат на активностите на Пригожин или одлуката на Лукашенко. Земјите на НАТО не треба да ја потценуваат заканата од платениците на „Вагнер“.
Во моментов, платениците на „Вагнер“ се распространети низ Белорусија, соработуваат со белоруската армија за да ја дестабилизираат ситуацијата долж источната граница на НАТО. Тие можат да користат диверзивно-извидувачки групи под превезот на бегалци и борци на ПВК „Вагнер“ за да предизвикаат инциденти, вклучително и под „лажни знамиња“. По протестите во русија, структурите на ПВК „Вагнер“ во сопственост на Евгениј Пригожин потпишаа владини договори во вредност од најмалку 2 милијарди рубљи во јули, што укажува на тековното руско финансирање на овие платеници.
Платениците на ПВК „Вагнер“ се активно интегрирани во сите белоруски воени структури. Од клучно значење е русија брзо да распореди платеници долж границите со Полска, Литванија и Латвија, за да го поттикне НАТО да распореди значителни сили на источниот фронт, намалувајќи ја помошта што може да биде пружена на Украина.
Понатаму, Русија има за цел да го принуди Киев да прераспореди дел од своите резерви во северна Украина, ограничувајќи ја достапноста на украинските сили на фронтот.
ПР Објава на Здружението Лесја УкраинкаСтавовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор
