Лесја Украинка: Москва се обидува да го наруши и дискредитира Самитот за мир во Швајцарија
Од 15-16 јуни 2024 година во Бургенсток, Швајцарија, ќе се одржи Глобалниот Самит за Мир. Се очекува учество на околу стотина држави, учеството на РФ на настанот не се разгледува. Веќе се поканети шефови на држави и влади на земјите од ЕУ, членки на G7, G20, БРИКС, многу други земји од сите континенти, три меѓународни организации (ОН, ОБСЕ и Советот на Европа) и двајца верски претставници (Ватикан и Вселенскиот патријархат на Цариград).
На самитот ќе се дискутира за украинската Формула за мир, која беше предложена од Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во ноември 2022 година. Таа се состои од 10 точки, вклучувајќи гаранции за радијациона, нуклеарна, прехранбена и енергетска безбедност, како и гаранции за повлекување на трупите на РФ од привремено окупираните украински територии.
Десет точки од Формулата за Мир: 1) радијациона и нуклеарна безбедност; 2) безбедност на храната; 3) енергетска безбедност; 4) ослободување на сите затвореници и депортирани лица; 5) имплементација на Повелбата на ОН и обновување на територијалниот интегритет на Украина и светскиот поредок; 6) повлекување на руските трупи и прекинување на воените дејствија; 7) враќање на правдата; 8) деминирање и спротивставување на екоцидот; 9) спречување на ескалација; 10) фиксирање на крајот на војната.
Кремљ, се разбира, воопшто не е заинтересиран за одржување на Самитот за мир и затоа се обидува на секој можен начин да ја дискредитира самата идеја за негово одржување и да го наруши настанот. Ваквите дејствија на Русија се предвидливи, тие имаат за цел да ја спречат Украина и другите демократски земји да го добијат посакуваниот резултат. Сепак, одржувањето на овој меѓународен настан може да даде политички поттик за постигнување на сеопфатен, одржлив мир во Украина.
Самитот исто така ќе придонесе и за консолидација на партнерите на официјален Кијив во прашањата за зајакнување на поддршката и помошта за Украина и ќе даде можност да се изврши притисок врз Русија, вклучително и со заострување и воведување на нови санкции против земјата агресор. А тоа воопшто не е дел од плановите на Путин. Всушност, сето ова дискредитирање на Самитот за мир Путин го насочува само за да ја оправда својата вооружена агресија против Украина, да ги задоволи своите империјални амбиции и да освојува се повеќе територии.
За да го наруши настанот, Русија, прво, ја дискредитира самата идеја за негово одржување, велејќи дека тоа ќе биде настан заради фотографии, на кој ништо нема да се реши. Второ, Кремљ сака максимално да го намали бројот на земји кои ќе учествуваат на самитот, вклучително и меѓу државите од таканаречениот „Глобален југ“ (Латинска Америка, Африка, Јужна Азија). Работејќи со нив, Русија ја прикажува војната во Украина како борба против „западната надмоќ“ и „колонијалните политики“. Покрај тоа, Путин им ветува на земјите од Глобалниот југ, во замена за „неучество“ на Самитот, простување на дел од долговите, зголемување на износот на финансиската поддршка, правење на некои економски отстапки, ветува попусти за набавка на нафтени деривати, храна, производи и др. Трето, со цел да се намали атрактивноста на мировните иницијативи предложени од Кијив, во Москва ја формираат сликата за Украина како држава-терорист, туркајќи ја идејата за тоа дека украинската влада не е легитимна, го поддржува нацизмот, а украинскиот народ не се стреми да војува против Русија. Сето ова, се разбира, не соодветсвува со реалноста. Украинскиот народ се бори против рускиот агресор за својата слобода, суверенитет, територија и национален идентитет.
Рускиот диктатор се стреми да ја исполни таканаречената „историска мисија“ и нема намера да застане за ништо. Ужасниот сон на Путин за враќање на „историски руските земји“ става голем број земји во ризик да ја доживеат истата судбина како Украина. Потенцијални цели за Кремљ би можеле да бидат Финска, Естонија, Латвија, Литванија, Полска, Молдавија, Грузија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија и цела Централна Азија...Кој ќе биде следен? Во последно време, се поголем број западни лидери почнаа јавно да предупредуваат дека нивните земји наскоро би можеле да станат цели на руска агресија, изјавувајќи дека Русија би можела да ги нападне земјите-членки на НАТО „во следните неколку години“. И Самитот за мир ќе помогне овој застрашувачки сон на Путин никогаш да не се оствари, бидејќи важно е да се запре агресорот токму во Украина, додека не отишол понатаму.
Останува уште малку време до самитот, а напорите на Кијив се повеќе се фокусираат на организирање на настанот, привлекување на повеќе учесници. Според замислата на организаторите, на овој меѓународен настан, лидерите на десетици земји ширум светот треба заедно да дискутираат за Формулата на Зеленски и врз основа на неа да создадат јасен план за постигнување на мир, кој потоа ќе ѝ биде доставен на Москва. Уште еднаш ќе нагласиме дека спроведувањето на оваа иницијатива за постигнување МИР е во интерес на секоја држава или институција која споделува почитување на целите и принципите на Повелбата на ОН, како и на вредностите за безбедност, стабилност, соработка и еднаквост. Затоа, во никој случај не смееме да дозволиме реализирање на плановите на Кремљ за нарушување и дискредитирање на Глобалниот Самит за Мир, бидејќи овој настан е уште еден чекор кон постигнување мир и спокојство во Украина, во Европа, па и во целиот свет!
ПР Објава на Здружението Лесја УкраинкаСтавовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор
