Лесја Украинка: Децата на украинскиот Харкив страдаат од секојдневни гранатирања со руски бомби
Пред почетокот на инвазијата од големи рзмери на Русијаврз Украина, Харкив беше вториот најнаселен град во Украина со население од 1,4 милиони луѓе, официјално регистрирани, и 2 милиони Украинци кои реално живееја во него. Харкив се наоѓа на само 30-40 км од државната руско-украинска граница и е предмет на секојдневни воздушни напади од руски крстосувачки и балистички ракети, дронови камиказе и наведуванивоздушнибомби. Цивилите, вклучително и децата, страдаат од геноцидната тактика на Кремљ.
Од почетокот на војната во Украина, 546 деца се починати, а повеќе од 1.330 деца се повредени. Повеќето од повредените се од Донецката, Харкивската, Херсонската, Днипропетровската, Кијивската, Запорижската и Миколајивската област. Овие податоци не се конечни, со оглед на тоа дека во многу региони, каде воените дејствија продолжуваат, и на окупираните територии броењето моментално е невозможно.
Да се потсетиме на едно од најновите злосторства на русите врз жителите на Харкив. На 8 мај, руската армија гранатираше еден од реоните на градот: беше забележан удар на територијата на стадионот на училиштето. Како резултат на нападот, повредени се седум цивили (четири деца, две жени и еден маж). За време на утринскиот напад на Харкив, русите намерно нападнаа деца! Како резултат на тоа, повредени се тинејџери, тие се оперирани и се наоѓаат на интензивна нега, се борат за својот живот, на еден од учениците му ја ампутираа ногата. Вака ли треба да живеат децата во 21 век, страдајќи и умирајќи од руските бомби?
Но, и покрај исклучително тешката ситуација во градот, децата се деца... Сакаат да учат, да се забавуваат, да живеат. Во наредните денови во Харкив ќе се отвори првото подземно училиште (образованието во обичните училишта не се изведува поради опасната состојба во градот), во кое ќе почнат да учат 620 деца. Ова ќе биде првото подземно училиште во Украина. Училиштето се наоѓа на длабочина од 6 метри и е де факто бункер. „Со оглед на тоа дека сега бројот на луѓе кои сакаат да учат со физичко присуство значително го надминува бројот на достапни места во едно такво безбедно училиште, многу се надеваме дека ќе имаме време да изградиме уште најмалку три во други реони на градот“, рече градоначалникот на Харкив, Игор Терехов. Во време на војна, кога пристапот до образование е ограничен, подземните училишта можат да бидат клучен елемент за обезбедување на иднината на нацијата.

Се ближи времето за прослави на матурата, и децата од Харкив не сакаат да бидат лишени од овој незаборавен настан. Но, бидејќи градот е под секојдневно гранатирање од страна на руските војници, идните матуранти се принудени да вежбаат едноставно на сред улица, рано наутро, во 05:30 часот наутро, додека нема автомобили или гранатирање. Вака матурантите наХаркив се подготвуваат за матурскиот бал.

Харкивската област е еден од најпогодените региони во Украина како резултат на руската агресија. Како резултат на руските напади во Харкив, уништена е речиси целата енергетска инфраструктура, која не може брзо да се обнови. Заклучно со денес, и покрај гранатирањето и прекините на електричната енергија, повеќе од милион жители остануваат во градот.
За Владимир Путин, присуството во градот на население кое говори на руски јазик не е фактор на дополнителна милост. Дури обратно – Путин го смета градотХаркивза свој имот и е убеден дека со него може да прави се што ќе посака. Харкив како „втор главен град“ на Украина има симболично значење за Кремљ, а агресорот сака да се одмазди затоа што не успеа да го заземе Харкив во 2022 година, а потоа беше принуден да ги повлече своите трупи од поголемиот дел од Харкивската област.
Но, претставниците на руската пропаганда се обидуваат да го претстават засилувањето на теророт во Харкивската областкако наводна „одмазда“ за воените дејствија на руските доброволци во Курската и Белгородската област на РФ, како и за терористичкиот напад во „Крокус Сити Хол“, неоправдано обвинувајќи ја Украина за истиот.
Во март оваа година, Путин првпат го употреби терминот „санитарна зона“ во однос на Харкивската областкоја се граничи со Русија. Овој термин се однесува на области кои се непогодни за живеење како резултат на вештачки или природни катастрофи. Така што да се направи Харкив да биде непогоден за живеење е една од целите на русите. Близината на градот до руската граница, според Кремљ, во голема мера ја поедноставува задачата да се изврши геноцид врз цивилното население. Неказнувањето на Путин го охрабрува да врши дополнителни воени злосторства, кои може да се прошират надвор од границите на Украина, со оглед на тоа дека руските закани веќе повеќе од еднаш беа упатени кон европските држави-сојузници на Украина.
Безбедноста на Харкивската областможе да се гарантира со распоредување на дополнителни системи за противвоздушна одбрана и создавање на демилитаризирана зона на руска територија. Западните системи за противвоздушна одбрана се способни да ги соборат речиси сите видови руски ракети кои непријателот ги користи за да ја нападне Украина. Благодарение на нив веќе се спасени десетици, па дури и стотици илјади животи.
Со цел да се спасат Харкив и другите погранични градови на Украина кои секојдневно се гранатирани од руските трупи од целосно уништување, земјите-членки на „коалицијата Рамштајн“ треба што поскоро да ѝдостават на украинската армија современи системи за противвоздушна/ракетна одбрана, кои се способни да неутрализираат балистички и хиперсонични ракети. Покрај тоа, со цел да се неутрализираат руските ракетни фрлачи, локации за лансирање дронови и писти за тактички авиони и бомбардери, исклучително важно е да се укине забраната за ВооруженитеСили на Украина да користат западно оружје на меѓународно признатата територија на РФ (моментално западните сојузници наКијив дозволуваат употреба на нивното оружје само на територијата на Крим и четиритеобласти на Украина, вклучени од страна на Кремљ во составот на РФ).
ПР Објава на Здружението Лесја УкраинкаСтавовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор
