Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лекот Caffetin COLDmax на Алкалоид, наместо две, ќе има три години рок на траење

Лекот Caffetin COLDmax на Алкалоид, наместо две, ќе има три години рок на траење
Во врска со написите во дел од медиумите, дека производот Caffetin COLDmax се продава со два рока на траење, Алкалоид АД-Скопје се јави со следното соопштение: Алкалоид АД – Скопје ги известува потрошувачите дека, согласно со позитивната правна регулатива, за производот Caffetin COLDmax е извршена промена на рокот на траење од две (2) на три (3) години на сите досега произведени серии кои се во промет. Промената е извршена согласно со одобрението од Бирото за лекови – Промена за одобрение за ставање во промет бр. 15-1294/12 од 23.03.2012 година, издадено согласно со ЕУ-правилникот (EC) бр. 1234/2008. Рокот на траење на сериите кои се во промет е заклучно со 12/2014 година. Истата промена е направена во ЕУ-пазарите согласно со ЕУ-процедурата UK/H/4711/001/IB/001, одобрение од 05.09.2012 година. Како што е горенаведено, Алкалоид АД – Скопје истата промена ја направи како во Македонија така и во извозните пазари каде што овој производ се продава, па промената од две (2) на три (3) години рок на траење е направена во сите земји членки на ЕУ каде што производот е регистриран, а тоа се: Англија, Романија, Словенија, Хрватска и Бугарија, согласно со решението за промена на рок издадено од MHRA (Medical and Healthcare Regulatory Agency) во Англија. Алкалоид АД – Скопје останува доследен во исполнувањето на највисоките стандарди во фармацевтската индустрија во Европа EU – GMP (European Union – Good Manufacturing Practice) и им го гарантира квалитетот на потрошувачите, како за предметниот производ така и за сите останати производи во Македонија и во извозните пазари.  
Слично

Поврзани вести