Лекарите митаџии ставени во тесно, подароци може да добиваат само преку сестрите!
Лекарите во иднина многу потешко ќе примаат мито, ако доследно се применуваат препораките од новиот Протокол за хоспитална култура.
Протоколот за хоспитална култура кој наскоро ќе стапи на сила, ќе ги контролира и подароците за лекарите, пишува здравство24.мк.
Виски, кафе или бонбониера повеќе нема директно да се носи во канцеларијата на хирургот. Со новиот протокол доколку некој од пациентите сака да остави подарок, пијалок, или слично во вредност не поголема од 1.000 денари, истиот се остава исклучиво на пултот кај сестрите со назнака за кого е наменет, а потоа истите го предаваат.
Протоколот за хоспитална култура вчера беше промовиран од Министерот за здравство Никола Тодоров.
Слично
