Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Леар“ отвора Фабрика за кожени и платнени покривки за седишта во Тетово

„Леар“ отвора Фабрика за кожени и платнени покривки за седишта во Тетово

„Лeар Корпорејшн“ (Lear Corporation) денес отвора нова фабрика за автомобилска кожа и платно во Тетово, Македонија, за производство на навлаки за автомобилски седишта и сродни производи. Новоизградената фабрика ќе ја замени времената локација што „Леар“ ја најави во мај, 2015 година и што на почетокот обезбеди работни места за околу 300 лица, наменета за сечење и шиење на кожа и платно. На свеченото отворање на „Лeар“ говорници беа Македонскиот Министер за странски инвестиции Веле Самак и Министерот за економија Дритон Кучи.

Фабриката има врвна машинерија и производни капацитети за сечење кожа и платно, магацин и канцелариски простории, на приближно 12 000 квадратни метри, со простор за потенцијално проширување од дополнителни 8 000 квадратни метри.

„Како светски лидер за седишта за луксузни возила и возила со високи перформанси, „Лeар“ (Lear) постојано се проширува, ставајќи акцент на понудата на квалитет и на нашата континуирана традиција на одлична оперативна ефикасност, успех во отпочнување со работа кој е водечки во индустријата и стручно и вешто изработени дизајни на тапацир“, рече Џенин Хенли, Заменик претседател на „Лeар“за глобален дизајн на тапацир и високи занаетчиски вредности. „Нашиот тим од целиот свет се гордее со нашите глобални капацитети за опслужување на нашите клиенти во секој поголем регион и се радуваме на можноста за нашиот нов тим во Македонија да биде дел од нашиот континуиран успех. Би сакале да им се заблагодариме на сите кои работеа со нас во нашиот напредок во оваа фаза на работењето“.

„Во дополнение на тоа што нуди навлаки за седишта и сродни производи за автомобили од светска класа, „Леар“ Тетово ќе даде придонес за локалниот регион во контекст на вработување и најмување на искусни професионалци за шиење како и лица кои неодамна го завршиле образованието во локалните образовни институции“, рече Свен Дам, Заменик претседател на „Леар“ за работа на тапацир за Европа и Африка. „Сите со кои остваривме локална соработка многу ни помогнаа и ние тоа навистина го цениме“.

Покрај глобалните капацитети за седишта во областите на комплетна интеграција на автомобилски систем на седишта, занаетчиски работи, опции за дизајн и севкупна вредност, „Леар Корпорејшн“ е водечки светски добавувач на автомобилска кожа со врвен квалитет.


Слично

Поврзани вести