Лажна дојавата за бомба во Министерството за економија
Дојавата за поставена бомба во зградата на Министерството за економија е лажна, потврди МВР по извршената проверка на објектот од страна екипи за антитеторизам.
Вработените кои беа привремено евакуирани од зградата попладнево се вратија на своите работни места.
Лажната информација за поставена бомба денеска телефонски ја доставила анонимна граѓанка во редакцијата на дневниот весник „Дневник“.
Слично
