Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лажна банка во Кина украла 32 милиони долари од штедачи

Лажна банка во Кина украла 32 милиони долари од штедачи
Околу 32 милиони евра, односно 200 милиони јуани украла лажна банка во Кина од штедачите во градот Нинџинг, јавуваат медиумите од источна Кина.

Банката изгледала како секоја друга банка со униформирани службеници на шалтерите.

Полицијата уапсила пет лица, меѓу кои и една жена која со дел од парите се обидела да избега во Макао.

Речиси 200 лица ги орочиле нивните пари во оваа банка, како и еден бизнисмен кој во текот на 2014 година вложил на штедната сметка над 1,9 милиони долари. Бизнисменот се посомневал во банката кога сфатил дека не му е исплатена каматата за заштедените пари. Откако банката одбила да му ја врати заштедата, тој ги пријавил во полиција. Полициската истрага открила дека станува збор за селска заруга која немала ниту една акредитација потребна за работа на банка. Банката на клиентите им ветувала камата од 2 отсто неделно, како и многу други поволности и бенифиции, информираат од полицијата во градчето Нинџинг. Лажната банката подолго од една година собирала заштеди од граѓаните.
Слично

Поврзани вести