Лазаров од септември отвора ракометни школи низ Македонија
По успешниот проект на капитенот Кирил Лазаров со ракометниот камп на денешната прес-конференција тој и агенцијата КМГ Спорт го обелоденија почетокот на работа на ракометни школи низ целата земја. До сега функционираат седум ракометни школи во Валандово, Струга, Охрид, Свети Николе, Скопје, Богданци и Стојаково, а понатаму ќе бидат отворени повеќе.

На денешната прес-конференција која се одржа на последниот ден од кампот во Охрид во хотелот Аквалина, беа ребрендирани досегашните седум ракометни школи. Истите ќе го носат брендот „Кирил Лазаров 7“.
„Да им овозможиме на овие деца не само седум дена туку да работат низ текот на целата година. За сега се отворени седум школи низ државата, ќе се обидеме да се организирарме добро и што е најбитно да бидеме препознатливи во нашата работа. За сега ќе започнеме со запишување на дечињата а подоцна и со нивна селекција, да имаме пионерски, кадетски и младински селекции. Не сакаме да се споредуваме со никого, отворени сме за соработка со сите ракометни школи во Македонија, нашата цел е да произведеме врвни ракометари, идни репрезентативци “ изјави капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров
Капитенот на денешната прес-конференција го изрази своето задоволство за успешното реализирање на третиот ракометен камп, потенцирајќи дека сериозноста и професионалноста на овој проект ќе се преслика во ракометните школи.
Преку новите ракометните школи „Кирил Лазаров 7“ до нови репрезентативци.
